СЕХА ГО ОДБРА ТИМОТ ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ

Раул одново најдобар, овој пат друштво му прави Марсениќ

СЕХА-лигата го објави идеалниот тим за изминатиот месец. И овој пат признанието за најдобар тренер му припадна на Раул Гонзалез. 

објавено: 4 декември 2017 - 15:40

СЕХА-лигата не нè изненади со изборот за најдобар тренер за месец ноември. И овој пат признанието го доби Раул Гонзалез. Шпанскиот стратег на кормилото на Вардар засега добро си ја врши својата задача, македонскиот и регионален првак и натаму е без пораз по осум одиграни натпревари.

Покрај Раул во идеалниот тим се најде и Мијајло Марсениќ. Пикерот на „црвено-црните“ беше одличен на дуелот против Динамо Панчево, постигна седум гола од осум бодови. Токму ваквата игра го смести во најдобрите седум.

Изборот на СЕХА-лигата може да го види во продолжение.

Најново во Ракомет