ШТО БИ МОЖЕЛ ДА ПОСАКА ПОВЕЌЕ

Раул: Среќен сум, останува уште финалето

Вардар е на чекор до одбрана на пехарот во СЕХА-лига. Раул Гонзалез и неговите избраници во полуфиналето му одржаа лекција на Мешков Брест совладувајќи го со 33-24.

објавено: 13 април 2018 - 19:40

Стратегот на „црвено-црните" Раул Гонзалез сосема очекувано е задоволен од играта на своите момци, кои на противникот му дозволија да претне само во воведните минути, потоа со цврста одбрана предводена од Арпад Штербик брзо дојде до позитива.

„Мешков игра тежок ракомет, секогаш имаме многу проблеми со нив и овој меч не загрижуваше многу. Но игравме одлична одбрана, перфектна во продолжението предводена од Арпад Штербик, додека нападот повеќе или помалку функционираше. Среќен сум затоа што по 25 дена ова ни е прв сериозен натпревар и го одигравме на посакуваното ниво. Полуфиналето мора да се заборави и да се фокусираме на финалето", потенцираше Раул Гонзалез по победата над Мешков Брест.“, изјави Гонзалез.

Тренерот на Мешков Брест, Бебешко призна дека Вардар е поквалитетeн тим. 

„Му честитам на Вардар за влезот во финалето, тие беа подобри во текот на целиот меч, играа добро во одбраната. Ние имавме проблеми, Вардар играше на високо ниво, поквалитетни сме од нас. Штербик блескаше на голот. Заслужено одат во финале.

Во финалето македонскиот тим ќе го чека подобриот од ППд Загреб и Мешков Брест.

Најново во Ракомет