НЕМА ВРЕМЕ ЗА ОДМОР

Раул: Вардар бара победа на секој меч, па и на овој!

После победата над Загреб во Лигата на шампионите, Ракометарите на Вардар и немаат баш многу време за релаксација. Затоа што по враќањето од Загреб, ги чека нов предизвик, сега во СЕХА конкуренцијата, дуел со Динамо од Панчево во СЕХА лигата

објавено: 13 ноември 2017 - 12:30

После победата над Загреб во Лигата на шампионите, Ракометарите на Вардар и немаат баш многу време за релаксација. Затоа што по враќањето од Загреб, ги чека нов предизвик, сега во СЕХА конкуренцијата.

Противник ќе им биде српскиот вицешампион Динамо Панчево. Екипа коај во досегашниот дел од ова натпреварување не може да се пофали со некој голем резултат. Динамо има само една победа и шест порази.

Но и покрај тоа, тренерот на „црвено-црните“, Раул Гонзалез вели дека Вардар бара победа во секој натпревар.

„Малку сме заморени, и немавме време многу за подготовки за овој меч. Јасно е, ние сме фаворити, играме во Скопје. Очекувам да играме интензивно, а и треба да победуваме на сите мечеви. Не знаеме како ќе бидат играчите. Денеска имаме тренинг па ќе видиме  што и како треба да правиме. Факт е дека имавме интензивен натпревар во саботата. треба и малку одмор, Но, сега треба да се фокусираме на СЕХА Лигата." – вели Шпанецот пред мечот кој се игра утре во СЦ „Јане Сандански" со почеток од 17,45 часот,

Најново во Ракомет