„ШЕСТ ОД ШЕСТ“ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ТИМ

Рутински марш на Вардар во СЕХА

Ниту Целје не успеа да му застане на патот на моќниот Вардар. Регионалниот и европски првак продолжува во ист ритам и во СЕХА-лигата, без тројцата стандарни ракометари, Стојанче Стоилов, Хорхе Македа и Рожерио Мораес го совлада словенечкиот состав со 28-31 (13-16) за шеста победа во низа во ова натпреварување.

објавено: 21 октомври 2017 - 19:15

Ниту Целје не успеа да му застане на патот на моќниот Вардар. Регионалниот и европски првак продолжува во ист ритам и во СЕХА-лигата, без тројцата стандарни ракометари, Стојанче Стоилов, Хорхе Македа и Рожерио Мораес го совлада словенечкиот состав со 28-31 (13-16) за шеста победа во низа во ова натпреварување. 

Шишкарев и Дибиров со шест погодоци беа најефикасни кај македонскиот тим, на другата страна Вујовиќ и Млакар имаа по пет гола. 

Избраниците на Раул Гонзалез одиграа онолку колку што беше потребно за да дојдат до нов триумф. Само на почетокот Целје имаше водство 3-1 и 5-3, а потоа Вардар искусно го наметна своето темпо, по првото полувреме имаа позитива од 13-16.

Домаќинот беше упорен во обидот да биде првиот тим кој ќе го сопре македонскиот тим и покрај тоа што имаше негатива од пет гола 15-20, сепак во 45. минута намали 23-24. Ова беше доволен знак за да влезе во игра Арпад Штербик, ваквата одлука вроди плод. Дибиров погоди двапати за 23-26.

Целје повторно дојде на минус 25-26 и тука беше крајот. Вардар на четири минути до крајот дојде на плус три 26-29 и ги реши сите дилеми околу крајниот победик, ако воопшто ги имаше.

За македонскиот тим ова беше последен меч пред ЕХФ-неделата, следниот натпревар го игра против Кристијанштад во ЛШ.    

Најново во Ракомет