РАКОМЕТНА РЕВОЛУЦИЈА ИМА САМО ВО ЕДЕН ГРАД ВО РЕГИОНОТ

Сеха не случајно го одбра Скопје за домаќин на Ф4

Пресвртот во последен момент околу доделувањето на организацијата на годинешното издание на завршницата во регионалното натпреварување добива логика. СЦ „Јане Сандански“ е солидно распродаден, ако правиме споредба со Брест, дефинитивно Ф4 ќе се игра пред многу повеќе публика од минатата година. 

објавено: 10 април 2018 - 12:10

Пресвртот во последен момент околу доделувањето на организацијата на годинешното издание на завршницата во регионалното натпреварување добива логика. СЦ „Јане Сандански" е солидно распродаден, ако правиме споредба со Брест, дефинитивно Ф4 ќе се игра пред многу повеќе публика од минатата година.

Ниту Целје, а уште помалку пак ППД Загреб ќе беа полн погодок. Скопје е единствениот град во регионот, па и во Европа во кој владее посебна ракометна револуција. И не само шампионската титула во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ години наназад имаат максимална поддршка од своите фанови, а челниците на СЕХА тоа добро го знаат....Не е до квалитетот кое ова натпреварување го нуди цела сезона, до Вардар е...

Достапните цени на билетите (200 денари за еден натпреварувачи ден, 300 денари за двата дена) се плус во добрата политика на регионалното натпреварување. Овие цени немаше да ја наполнат ниту салата во Целје, кој цела сезона беше потенцијален организатор на фајнл-форот.

На три дена пред стартот на Ф4 за полуфиналните мечеви (Вардар - Мешков Брест и Целје - ППД Загреб) продадени се 4.500 билети, а што се однесува до финалниот ден тука бројката е нешто поголема, до денеска се продадени 4.724 карти. Веруваме дека оваа бројка ќе биде уште поголема, бидејќи фановите на македонскиот, регионалниот и европски првак ќе дојдат во сала да ги поддржат „црвено-црните“ како загревање на главната битка во ЛШ - четвртфиналниот дуел против Кил. 

 

 

 

 

Најново во Ракомет