ПРВИОТ ЧОВЕК, МИХАЈЛО МИХАЈЛОВСКИ НАЈАВИ

СЕХА воведува промени: Помалку мечeви, но поголем квалитет

Пред стартот на завршниот дел од фајнл-фор завршницата, традиционално првите луѓе на СЕХА-лига одржаа прес-конференција да ги соопштат новитетите, но и да ги споделат импресиите од оваа сезона.

објавено: 15 април 2018 - 13:29

Пред стартот на завршниот дел од фајнл-фор завршницата, традиционално првите луѓе на СЕХА-лига одржаа прес-конференција да ги соопштат новитетите, но и да ги споделат импресиите од оваа сезона.

Прв зборуваше претседателот на регионалното натпреварување, Михајло Михајловски, кој најави дека следната сезона ќе има промени, бројот на мечеви ќе биде намален, а со тоа ќе биде зголемен квалитетот. Постои идеја бројот на екипите да брои 12, две повеќе од оваа сезона... 

„Ова е седми фајнл-фор на СЕХА-лига, на мое големо задоволство како граѓанин на Скопје, Ф4 повторно се одржува во овој град. Една е од главната причина е Вардар, кој европски првак и има најмногу титули. Пред многу години многумина мислеа дека ова лига нема да успее. Имаме среќа што во Газпром најдовме стабилен спонзор, кој заедно со искусни работници придонесоа оваа лига, но и фајнл-форот да биде близу до оној на ЛШ. 

Не сакаме да застанеме тука. Наша цел е секоја година Сеха да биде поквалитетна и поорганизирана. Видовме дека некои екипи кои играат во домашно првенство не може да играат во Лига на шампиони и во СЕХА. Правиме напори да направиме реорганизација да го намалиме бројот на натпревари, но да го подигнеме квалитетот и секако да го зголемиме бројот на екипа. Ова ќе почне од следната сезона“, рече претседателот на СЕХА-лига, Михајло Михајловски. 

 

Најново во Ракомет