НАВИКНАВМЕ НА КИКСОВИТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ САЈТ

СЕХА шири дезинформации за Штербик и Кањелас

Во најавата за дуелот меѓу Мешков и Вардар на официјалната интернет страница на СЕХА-лигата стои дека Арпад Штербик и Жоан Кањелас не отпатувале со тимот во Брест. Оваа информација е погрешна и двајцата ракометари ќе бидат во составот на македонскиот тим за мечот кој е закажан со почеток во 17 часот. 

објавено: 1 февруари 2018 - 15:12

Лицата задолжени за официјалната интернет страница на СЕХА-лигата не ги променија лошите навики ниту оваа година. Многупати досега во најавите за мечевите кои ги игра Металург во регионалното натпреварување на фотографиите стоеше Филип Талески, кој одамна не е дел од тимот на Автокоманда.

Денеска пред дуелот меѓу Мешков и Вардар излегоа со дезинформација. Во најавата стои дека европските прваци Арпад Штербик и Жоан Кањелас не отпатувале со тимот во Брест, што е спротивно на вистината. И двајцата ракометари ќе бидат во составот на македонскиот тим за мечот кој е закажан со почеток од 17 часот, а дали ќе настапат одлуката ја има стратегот, Раул Гонзалез. 

„Црвено-црните“ на оваа средба, а потоа и против Татран Прешов нема да ја имаат помошта од Вуко Борозан, Илија Абутовиќ, Иван Чупиќ и Влатко Неделковски кои поради повреди останаа во Скопје.  

 

Најново во Ракомет