СЕХА ВОЗБУДУВАЊАТА ПРВИ ВО „ВОЗНИОТ РЕД“

Сезоната во „Јане Сандански" Вардар ја отвора против Горење

Првиот натпревар на Вардар пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански" во новата сезона ќе биде на 5 септември против Горење. 

објавено: 17 август 2017 - 16:30

Првиот натпревар на Вардар пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански" во новата сезона ќе биде на 5 септември против Горење. Средбата е закажана за 17,45 часот.

Три дена претходно европските прваци ќе играат исто така во Скопје, но во СЦ „Борис Трајковски" против Металург во рамките од првото коло на СЕХА лигата.

Вардар е актуелен победник на СЕХА Газпром лигата, и единствен што трипати триумфирал во ова натпреварување.

Пред почетокот на новата сезона во СЕХА Газпром лигата, ракометарите ќе играат на „Супер Глоуб“ каде ќе се обидат да го освојат и петтиот трофеј сезонава. Во четвртфиналето Вардар ќе игра против Гашаран.

Најново во Ракомет