ВАРДАРОВИОТ ГОЛМАН И НА 38. ГОДИНИ Е ПОДГОТВЕН ЗА ДОКАЖУВАЊЕ

Штербик: Името на дресот не го добива натпреварот

Најдобар доказ за тоа дека годините не значат ништо за големите професионалци е вардаровиот голман Арпад Штербик.

објавено: 13 февруари 2018 - 12:35

Најдобар доказ за тоа дека годините не значат ништо за големите професионалци е вардаровиот голман Арпад Штербик. На 38-годишна возраст чуварот на мрежата и понатаму е еден од главните адути, не само на Вардар, туку и на шпанската репрезентација, а потврдата ја имавме пред 15-тина дена во Загреб.

Иако сите очекуваа Штербик да го најави своето завршување на кариерата, тој и понатаму е „гладен" за победи и докажување.

„Секогаш мора да се трудиш да се докажуваш. Името на дресот никогаш не добија натпревари. Понекогаш е тешко да го дадеш својот максимум, некогаш имаш осум, некогаш 20 одбрани, но кога знаеше дека си го дал најдоброто полесно е да си одиш дома по натпреварот без разлика на резултатот", вели Штербик во интервјуто за сајтот на СЕХА-лигата и додава:

„Кога си повозрасен, секако дека си поискусен, но почнуваш да ја губиш брзината, тоа е слабост која ја добиваш од физички аспект. Но, нашата одбрана е одлична сезонава, момците се навистина силни и можеби тоа е причината што сме сите добри. Одбраната и голманот мора да соработуваат. Голманот дефинитивно има полесна задача кога пред него има одбрана која одлично си ја врши работата".

Најново во Ракомет