ИСКУСНИОТ ГОЛМАН ПРИЗНАВА

Штербик: Не го сакав Мешков, секогаш е посебно мотивиран против Вардар

Вардар во полуфиналето на фајнл-форот во СЕХА-лигата за противник го има белорускиот шампион Мешков Брест, тим кој сезонава успеа да им „украде“ бод на „црвено-црните“. 

објавено: 29 март 2018 - 17:00

Вардар во полуфиналето на фајнл-форот во СЕХА-лигата за противник го има белорускиот шампион Мешков Брест, тим кој сезонава успеа да им „украде" бод на „црвено-црните". Искусниот голман на Вардар, Арпад Штербик во пресрет на завршницата во регионалното натпреварување која од 13-15 апеил ќе се игра во Скопје, признава дека не го посакувал Мешков за противник...

„Против Мешков имаме одиграно голем број на натпревари и сме губеле и сме победувале, реми... Да бидам искрен не ги сакам како противник. Најчесто играат одлично против нас, а и генерално се добар тим. Причината поради која се борат низ сезоната се некои повреди со кои се соочија, но верувам дека одлично ќе го подготват тимот за Ф4 и ќе бидат навистина опасни. Нема да имаат притисок, за разлика од нас. Ние играме пред наша публика и важиме за фаворити. Затоа очекувам тежок натпревар со тежок ривал", вели Арпад Штербик.

Вардар е бранител на титулата и по Веспрем може да стане вториот тим кој две сезони по ред успеал да го подигне пехарот.

 

Најново во Ракомет