„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ СЕ ХИТ

Сите сакаат да го гледаат Вардар, дуелот со Горење ќе го пренесуваат четири телевизии

Вардар денеска (17:30 часот) го пречекува Горење во рамките на второто коло во СЕХА-лигата. Самиот факт дека македонскиот тим е европски и регионален првак е доволна причина овој дуел да го емититуваат четири телевзии. 

објавено: 5 септември 2017 - 07:54

Вардар денеска (17:30 часот) го пречекува Горење во рамките на второто коло во СЕХА-лигата. Самиот факт дека македонскиот тим е европски и регионален првак е доволна причина овој дуел да го емититуваат четири телевзии.

ТВ-каналот на Европската ракометна федерација, ЕХФ ТВ, ќе врши пренос од средбата, како и регионалната телевизија „Арена спорт". Исто така, ќе има директен пренос од дуелот и на македонскиот јавен сервис, МРТ, како и на словенечката „Спорт ТВ".

На отварањето на новата сезона, Вардар го доби македонското дерби со Металург, на гостински терен славеше со 32-23. 

Фановите кои имаат сезонски билети, како и Вардар ПАС, може да го следат мечот само со приложување на електронскиот ваучер, додека за сите други, билетите по цена од 50 денари се пуштени во продажба и може да се најдат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански".

Најново во Ракомет