СЕХА ОДЛУЧИ

Скопје ќе гори за Вардар

Скопје ќе биде домаќин на годинешното издание на фајнл-форот во регионалното натпреварување. 

објавено: 8 март 2018 - 12:06

Скопје одново ќе биде домаќин на завршницата во СЕХА-лигата. Иако имаше најави дека организацијата ќе му припадне на Целје, сепак на состанокот на челниците на регионалното натпреварување одлучија нашиот главен град да ги пречека најдобрите четири екипи.

Во „Јане Сандански“ покрај Вардар, кој е бранител на титулата ќе ги видиме Мешков Брест, ППД Загреб и Целје. Фајнл-фор турнирот ќе се одржи од 13 до 15 април. Македонскиот шампион е најтрофејниот тим во ова натпреварување, има три титули. 

За Раул Гонзалез и неговите избраниците ова ќе биде вистински тест пред четвртфиналните дуели во Лигата на шампионите.

 

 

Најново во Ракомет