КАПИТЕНОТ НА ВАРДАР ПОСАКУВА ПОЛНА САЛА - ЗА ЖИВОТ СЕ РАБОТИ

Стоилов апелира: Дојдете да му помогнеме на Борче и уживајте во дербито

„Би сакал да упатам посебен апел до публиката, да дојде во што поголем број, бидејќи мечот има хуманитарен карактер и сите средства од продадените билети, но и кутиите кои ќе бидат поставени ќе бидат наменети за лекување на Борче Јовановски“, рече на денешната прес-конференција, капитенот на Вардар. 

објавено: 7 декември 2017 - 12:19

Без разлика со какви сили располагале Вардар и Металург, македонското дерби секогаш било интересно за гледање. Двата тима овој пат ќе ги одмерат силите во СЕХА-лигата (во сабота), а домаќин е регионалниот првак.

Ова дерби ќе биде поинакво од останатите, сите средства кои ќе бидат собрани од продадените билети, но и кутиите за донации кои ќе бидат поставени во СЦ „Јане Сандански“, ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж. Борче боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.

Токму затоа капитенот, Столе Стилов на денешната прес-конференција упати апел до сите фанови, да дојдат во што поголем број.

„Би сакал да упатам посебен апел до публиката, да дојде во што поголем број, бидејќи мечот има хуманитарен карактер и сите средства од продадените билети, но и кутиите кои ќе бидат поставени ќе бидат наменети за лекување на Борче Јовановски", рече Стоилов кој додаде:

Градско дерби, со пособен карактер и Вардар и за Металург. Противникот е секогаш инспириран, но ние сме фаворити, треба да го одиграме нашето и да ги оправдаме очекувањата на фановите“.

Раул Гонзалез вети дека неговите момци максимално ќе ја оправдаат фаворитската улога.

„Дербито со Металург секогаш е добар натпревар, затоа што кога играме со нив се гледа добар ракомет. Очекувам интезивен меч во којшто ние сме фаворити и така треба да се однесуваме на теренот и да го потврдиме првото место во СЕХА-лигата“.

Натпреварот меѓу Вардар и Металург се игра во сабота со почеток во 20:45 часот. 

Најново во Ракомет