КАПИТЕНОТ ВО СВОЈ СТИЛ

Столе е јак како челик: Сигурно ќе играм

Капитенот го потврди она што го најавиме пред два дена, ќе биде во составот на македонскиот шампион.

објавено: 12 април 2018 - 15:40

Вардар за првпат во регионалното натпреварување ќе има шанса пехарот да го подигне во Скопје. Првиот пат беше кобен, ППД Загреб си замина со титулата.

Но, сега „црвено-црните" се созреани и се најдобриот тим не само во регионот, туку и во Европа, а домашниот терен со право им дава надеж дека ќе постанат вториот тим кој две години по ред го подигнал пехарот.

„Мешков Брест е противник кој многу го почитуваме, тоа е добар тим, со одличен тренер со кој се среќаваме секоја година. Но, ние сме бранители на титулата, играме дома, пред нашите фанови и ако минатиот пат загубивме од Загреб, тоа нема да се повтори сега. Им посакуваме среќа на сите четири екипи и нека победи најдобриот", потенцираше капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Капитенот го потврди она што го најавиме пред два дена, ќе биде во составот на македонскиот шампион.

"Имав мала повреда, тоа е составен дел од спортот, ништо страшно. Добро се чувствувам и подготвен сум за игра".

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест е закажан за утре со почеток во 17:45 часот.

 

Најново во Ракомет