СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ

Трио фантастико: И Поповски, Ончев и Ѓорѓески му покажаа на Татран

Четвртата победа во СЕХА-лигата не е единствената работа која радува. На дуелот против Татран, својата шанса максимално ја искористија младите ракометари на Вардар. 

објавено: 19 септември 2017 - 22:39

Четвртата победа во СЕХА-лигата не е единствената работа која радува. На дуелот против Татран, својата шанса максимално ја искористија младите ракометари на Вардар, Мартин Поповски, Тоше Ончев и Даниел Ѓорѓески. 

Секоја чест за Раул Гонзалез. Шпанскиот стратег не се двоумеше, одлучи на голот да му даде шанса за Ѓорѓески (го одигра целиот меч), кој пак не разочара. Имаше седум одбрани од кои еден седмерец. На тренот истрчаа и Поповски и Ончев, првиот постигна три гола, додека вториот два.

За Вардар ова беше четврта победа во серија во СЕХА-лигата, а вкупно петта во новата сезона. Македонскиот тим веќе во сабота го чека нов предизвик во Лигата на шампионите, во СЦ „Јане Сандански“ гостува француски Нант за кого настапува Кире Лазаров.  


 

Најново во Ракомет