НА ДЕРБИТО ПРОТИВ МЕТАЛУРГ

Вардар без Мораес и Циндриќ, Карачиќ во комбинација

Бранителот на титулата, Вардар, во македонското регионално дерби против Металург влегува без двајцата повредени ракометари, Лука Циндриќ и Рожерио Мораес. 

објавено: 2 септември 2017 - 17:27

Бранителот на титулата, Вардар, во македонското регионално дерби против Металург влегува без двајцата повредени ракометари, Лука Циндриќ и Рожерио Мораес.

Раул Гонзалез на располагање сепак ќе го има Игор Карачиќ, чија повреда не е сериозна. Средниот бек на еден од претпослените тренинзи почуствувал болка во ногата, па поради тоа шпанскиот стратег не беше сигурен дали ќе може да смета на него. Сепак лекарските прегледи потврдија дека не станува збор за повреда, туку само за замор на мускулите и тој е во комбинација за големото дерби.

Во комбинација кај шампионот за овој натпревар не ниту подолго повредниот Владо Недановски, како и младиот среден бек Тоше Ончев. 

 

Најново во Ракомет