ХРВАТИТЕ ИЗГОРЕА ВО ВУЛКАНОТ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Вардар е КРАЛОТ на СЕХА - рекордна четврта титула

Вардар се запиша во историјата на СЕХА-лига, како единствен тим кој успеал да дојде до четири титули во ова натпреварување. Избраниците на Раул Гонзалез му се одмаздија на ППД Загреб совладувајќи го со 26-24.

објавено: 15 април 2018 - 21:47

Вардар е кралот на регионот. „Црвено-црните“ испишаа историја во СЕХА-лига ја освоија четвртата титула во ова натпреварување, нешто што не му успеало на ниту еден друг тим, откако во финалето го совладаа стариот должник ППД Загреб со 26-24 (14-13). А до тука дојдоа благодарение на огромната поддршка од фановте, СЦ „Јане Сандански“ беше исполнет до последното место. 

Ракометарите на Вардар можеби не беа константни, но кога беше потребно играа како вистински шампиони, им беа потребни само неколку минути за да го скршат отпорот на противникот. 

Тандемот Циндриќ и Кристопанс беше најефикасен, двајцата заедно имаа по пет подогоци. На другата страна Златко Хорват имаше осум погодоци. 

„Црвено-црните“ со серија од 5-2 го отворија мечот против. Избраниците на Раул Гонзалез доминираа до 22. минута, кога со голот на Дибиров стигнаа до највисоки 11-7. Хрватскиот тим и покрај пеколната атмосфера најде начин како да се врати. Се тргна по водството на вардарци од 13-10. Валчиќ, Хорват и Вори на полувремето го донесоа Загреб на 14-13.

По фуриозните неколку минути пред одморот, „плинарите“ добија ветар во грб, во 34. минута израмнија на 15-15, а потоа на 16-16. Налетот на хрватскиот шампион го прекинаа Мораш и Циндриќ во 39. минута (18-16). Ниту овие два гола Вардар не влезе во ритам, следеа нови израмнувања 18-18, а потоа 19-19. 

Во 50. минута Шушња доби црвен картон,ова беше клучниот момент. „Црвено-црните“ заиграа како што им доликува, во 54. минута поведоа со највисоки 25-20. Тука беше крајот на мечот. 

Најново во Ракомет