ДВОЈНО МАКЕДОНСКО ДЕРБИ КАКО ДОБАР ВОВЕД НА СЕЗОНАТА

Вардар и Металург за 15 дена ќе се соочат двапати

Новата сезона во СЕХА-лигата ќе стартува на 28/29 август, стандардно со национални дерби дуели. 

објавено: 29 јули 2018 - 16:00

Новата СЕХА сезона веќе стандардно ќе стартува со национални дерби – дуели. Според правилникот претставниците на иста земја (Македонија, Србија, Хрватска) во меѓусебен дуел ќе ја отворат сезоната, додека останатите двојки ќе бидат формирани од другите екипи.

Тоа значи дека Вардар и Металург за 15-тина дена ќе се соочат двапати, со оглед на тоа дека овие два тима ќе се соочат и во македонскиот Супер куп на 18 август, додека на 28/29 август е планиран стартот на регионалната сезона и дуелот во СЕХА лигата.

Првите луѓе на ова натпреварување и официјално соопштија дека и оваа сезона ќе остане истиот систем на натпреварување, а лигата ќе брои десет екипи. Засега се познати имињата на девет учесници, се чека последниот тим. За потсетување во СЕХА ќе ги нема словенечките претставници Целје и Горење Велење, како и Веспрем, кој и покрај најавите дека ќе се врати, сепак мораше да се откаже.

 

Најново во Ракомет