ШАМПИОНОТ СО ПОБЕДА ЈА ЗАПОЧНА ОДБРАНАТА

Вардар им држеше час по ракомет на „клинците“ на Червар

Традицијата продолжува, победник на македонските дуели меѓу Металург и Вардар на стартот на сезоната и натаму е актуелниот шампион. Во СЦ „Борис Трајковски“ славеше со 23-32 (11-16).

објавено: 2 септември 2017 - 18:53

Традицијата продолжува, победник на македонските дуели меѓу Металург и Вардар на стартот на сезоната и натаму е актуелниот шампион. Раул Гонзалез и неговите избраници го совладаа тимот од Автокоманда со 23-32 (11-16) на гостински терен на отварањето на регоналното натпреварување.

Тимур Дибиров со пет гола беше најефикасен, на другата страна Жарко Пешевски имаше пет погодоци. 

Од 3-3 по погодокот на Пешевски, следеше серија од 0-3 (3:6) на Вардар, преку Борозан, Кристопанс и Дибиров преку контра. Лино Червар побара минута одмор ама тоа не смени многу во играта на „металурзите".

Продолжи серијата на „црвено-црните" 3-8, се до погодокот на новото засилување Јагањац 4-8. Тимот од Автокманда со 7-6 во нападот да се врати во игра, но е успеа. Вардар дојде на највисоки 4-10, а на полувремето замина со 11-16.

На почетокот на второто полувреме, Червар се потруди со подлабока одбрана да ги сопре надворешните линии на Вардар. Таквата дефанзива заедно со двете интервенции на Арсиќ овозможија Гуглета и Илиќ да намалат на 13-16 по само пет минути игра во вториот дел. Но, техничките грешки, како и нереализираните зицери ги вратија „металурзите“ одново на највисока негатива од шест гола 13-19, а потоа и 16-21.

Метаург повторно дојде на 18-21, но Македа погоди во вистинско време, а доомаќинот остана Дрогришки, кој заработи директен црвен картон, откако со лакт го удри Карачиќ. До крајот „црвено-црните“ рутиски го приведоа мечот, на 10. минути до крај имаа плус седум (18-25). Првата двоцифрена предност беше на три минути пред крај 20-30 со погодокот на Кањелас. Во листата на стрелци се запиша и Страхиња Милиќ, кој погоди од гол на гол, а и главниот дефанзивец на вардарци Абутовиќ имаше 2/2.

Во следното коло, Варар игра против Горење, а Металург му гостува на Динамо Панчево. 

 

Најново во Ракомет