Шампионот полека си добива нов прекар

Вардар Нон-стоп

Нема одмор за европскиот првак Вардар, а ритамот е пеколен и по победата против Висла во Плоцк, веднаш следи дуел од СЕХА лигата против Татран Прешов

објавено: 18 септември 2017 - 13:26

Нема одмор за европскиот првак Вардар, а ритамот е пеколен и по победата против Висла во Плоцк, веднаш следи дуел од СЕХА лигата против Татран Прешов. Утре во Скопје доаѓа незгодниот словачки првак.

„Сезонава имаат добар тим. Играат силна одбрана и едноставно се добри на сите позиции. Ние денеска се вративме од Плоцк, сега сме на прес. Веројатно и без тренинг ќе му излеземе на мегдан на Татран. Денеска ќе одмараме, само видео, ќе анализираме. Фаворити сме, но не смее да има опуштање, Татран е ривал кој лесно казнува грешки“, вели Раул Гонзалес.

Тој најде чаре за опасниот ривал од Полска во првото коло во Лигата на шампионите. Вардар имаше шампионски старт во Плоцк и тргна со триумф во одбрана на титулата. И пехарот од СЕХА лигата е во витрините на Вардар, па обврска е да не се запостави и ова натпреварување.

„Сезоната почна како што очекувавме. Имаме три победи во СЕХА и една во Лигата на шампионите и се надевам дека ќе продолжиме во тој ритам. Татран покажа квалитет, но ние играме на домашен терен и сме шампиони“, вели Стојанче Стоилов.

Мечот се игра утре во 20,45 часот. 

 

 

Најново во Ракомет