ЛЕСНИ ДВА ЗА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ПРОТИВ ВОЈВОДИНА

Вардар си гази: Ѓорѓески како Штербик, чиста десетка за Поповски

Очекувано, Вардар ја забележа деветата победа во СЕХА-лигата, откако без проблем ја совлада Војводина со 37-22. 

објавено: 5 декември 2017 - 18:53

Нови лесни два за Вардар во СЕХА-лигата. Очекувано македонскиот тим го совлада тимот на Војводина со 37-22 за девета победа во регионалното натпреварување.

Предводникот на „црвено-црните“, Раул Гонзалез играше со комбиниран тим, половина од искусните ракометари (Штербик, Стоилов, Дибиров, Шишкарев, Чупиќ, Абутовиќ и Карачиќ) не влегоа во игра. Шанса му даде на Даниел Ѓорѓески, кој одично го замени Арпад Штербик на голот, мечот го заврши со интервенции 18 од кои два седмерци. И Мартин Поповски беше на висина на задачата, постигна 10 гола. Во листата на стрелци се запиша и Недановски (четири погодоци), а меѓу најефикасените беа Мораес со шест гола.

Вардар отвори со серија од 4-1, предност која ја одржуваше во поголем дел од првото полувреме, пред одморот имаше и позитива од 17-12. На теренот не се промени ништо ниту во вториот дел, во 40. минута „црвено-црните“ имаа плус 23-16, а потоа во дојдоа на двоцифрени 29-18. Со третиот погодок на Војводиќ позитивата се искачи на 32-29.  

Во следното коло, Вардар ќе биде домаќин на Металург. Последниот меч од регионалното натпреварување од оваа година го игра на гостувањето кај Горење. 

 

 

Најново во Ракомет