Убедлива победа на европските прваци

Вардар си поигрува со ривалите, Нексе преслушан со 30:21

Европскиот првак ја прокнижи и осмата победа во СЕХА лигата, вечерва против Нексе со 30:21 и продолжува со максимален учинок во ова натпреварување

објавено: 28 ноември 2017 - 20:32

Европскиот првак ја прокнижи и осмата победа во СЕХА лигата, вечерва против Нексе со 30:21 и продолжува со максимален учинок во ова натпреварување.

Во Нашице гостите од Скопје доминираа, освен на почетокот на мечот. Нексе по 20 минути игра имаше предност од 8:7, но потоа тргна „црвено-црната“ фурија. Страхиња Милиќ одлично го замени Арпад Штербик на голот и вкупно во првиот дел нанижа 8 одбрани. Вардарци со серија од 5:1 дојдоа до 4 голови позитива, 15:11 по првиот дел.

Во продолжението европските шампиони водеа и со 28:18, 29:19 и 30:20, што беше највисока предност од десет голови разлика.

Страхиња Милиќ  собра вкупно 12 одбрани, а најефикасни во победничкиот табор беа Кристопанс со 6 погодоци и Циндриќ и Чупиќ со по 5. Кај Вардар сите ракометари кои играа се запишаа во листата на стрелците, освен Абутовиќ. 

Нападот на Нексе го предводеше ефикасниот Сршен со 6 погодоци, сите постигнати во првото полувреме.

Најново во Ракомет