ПРЕД ЗАВРШНИОТ ТУРНИР

Вардар во хуманитарна акција за домот „11 Октомври“ (ФОТО)

Традиционално на секој завршен турнир од СЕХА Газпром лигата учесниците ја покажуваат и својата општествена одговорност, и на одредена установа и донираат средства што и се потребни за нормално функционирање. Вардар постојано е дел од Ф4 турнирите, а овојпат Скопје е местото на одигрување на натпреварите

објавено: 13 април 2018 - 15:00

Овојпат донацијата што беше подготвена од СЕХА лигата и клубовите и беше доделена на јавната установа дом „11 Октомври" во Скопје. Она што им беше потребно на членовите на домот беа телевизор и бојлери, и токму тоа им беше донирано.

Клубовите од СЕХА лигата сакаат да покажат дека сите членови на заедницата е важни и да им прати порака на сите да им помогнат на оние категории на кои тоа им треба. Најважно е да се имаа нормални услови за развој.

Најново во Ракомет