МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ГО ЗАПИШАА 11. ТРИУМФ ВО НИЗА

Вардарци се одјавија со победа, јунак не се најде

Македонскиот и регионален првак забележа победа во последниот меч во 2017 година, откако на гостувањето кај Горење славеше со 24-30 (12-16) во рамките на СЕХА-лигата. 

објавено: 13 декември 2017 - 22:12

Вардар оваа година ја заврши онака како што ја започна победнички. Во последниот меч во 2017 година Раул Гонзалез и неговите избраници славеа на гостувањето кај Горење со 24-30 (12-16) во рамките на СЕХА-лигата, во која стојат на врвот на табелата со 11. триумфи во исто толку одиграни натпревари.

Лука Циндриќ и Хорхе Македа беа најефикасни, двајцата заедно постигнаа 14 погодоци. 

Конечниот исход на овој меч беше познат уште на стартот, вардарци максимално ја оправдаа фаворитската улога и одиграа онолку колку што беше потребно за да ја продолжат триумфалната низа. По првото полувреме имаа плус четири 12-16, а потоа до крај искусно го сочуваа водството.

По овој меч, ракометарите на македонскиот тим се распуштаат, дел ќе имаат подолг одмор, дел со своите репрезентации ќе бидат дел од Европското првенство во Хрватска. 

 

 

Најново во Ракомет