ОДБРАНАТА НА ТИТУЛАТА ЈА ПОЧНАА СО ПОБЕДА

Вардарки го добија Будуќност среде Подгорица

Актуелниот победник на женската регионална лига, Вардар со триумф ја почна одбраната на титулата и тоа во гости кај Будуќност, каде славеше со 24-22 (12-13).

објавено: 13 септември 2017 - 21:01

Актуелниот победник на женската регионална лига, Вардар со триумф ја почна одбраната на титулата и тоа во гости кај Будуќност, каде славеше со 24-22 (12-13). Избраничките на Ирина Дибирова утре силите ќе ги одмерат со Крим.

Ина Суслина мечот го заврши со 12 одбрани, и беше една од најдобрите играчи на теренот. Радичевиќ постигна седум гола, додека Пенезиќ запиша еден помалку. 

„Се виде заморот кај играчите во дват атима, како последица на работата на физичка подготвеност, бидејќи ова беше ударна недела и сега полека се намалува тоа темпо. И во двата тима недостасуваа некои ракометарки. Имаше и добри и лоши работи. Будуќност многу има напредувано во однос на играта на турнирот во Скопје. Ние успеавме да се вратиме и покрај минусот што го имавме. Видовме на кои работи треба да внимаваме во иднина, изјави Јованка Радичевиќ, крилото на Вардар.

Будуќност - Вардар 22-24 (13-12)

Будуќност: Ујкиќ 4, Конатар, Јауковиќ 8, Плетикосиќ, Чарапиќ, Де Паула, Ласло, Мариновиќ, Маловиќ, Премовиќ, Брновиќ 3, Батиновиќ, Павичевиќ 3, Рамусовиќ 1, Раичевиќ 2. Грбиќ.

ВАРДАР: Радичевиќ 7, Кликовац 3, Садзовска 1, Мицевска, Пенезиќ 6, Керамичиева, Чанаџија, Суслина, Хмирова 1, Цвијиќ, Лекиќ 5, Петровиќ, Ристовска 1.

Најново во Ракомет