МАКЕДОНСКИОТ ТИМ СО СТИЛ ГО ЗАТВОРИ РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ

Вардарова рекордна доминација во СЕХА

Македонскиот и регионален шампион ја забележа 17 победа и стана единствениот тим во СЕХА-лигата кој успеал да дојде до едно вакво остварување.  

објавено: 13 март 2018 - 19:10

Вардар со стил го заврши регуларниот дел во СЕХА-лигата. На сметка на Нексе, Вардар ја забележа 17 победа во ова натпреварување и со едно реми стана единствениот тим во регионот кој успеал да дојде до вакво остварување. Претходно овој рекорд беше во соопственост на Веспрем, кој од оваа сезона веќе не се натпреварува во оваа лига.

Македонскиот шампион одигра онолку колку што беше потребно, на крајот славеше со 29-25 и покрај тоа што на полувремето имаше негатива од 11-12. 

На овој меч радува кам-бекот на Иван Чупиќ, кој поради повреда на коленото беше долго време надвор од терените. Хрватскиот интернационалец постигна пет гола, од кои три седмерци. Најефикан беше Лука Циндриќ со седум погодоци, а додека голот одличен беше Страхиња Милиќ со 14 интервенции.

Следен предизвик за Вардар е фајнл-форот во СЕХА-лига, кој се игра од 13-15 април во Скопје.

 

Најново во Ракомет