ПОЗНАТИ СЕ УЧЕСНИЦИТЕ ВО РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

Веспрем се откажа од СЕХА, се вратија Војводина и Динамо Панчево

Она што беше најавено, челниците на регионалното натпреварување на денешниот состанок го потврдија. Унгарскиот првак, Веспрем се откажа од СЕХА-лигата, во која се вратија пак два српски тима. 

објавено: 6 јули 2017 - 20:43

Новиот список на учесници во новата сезона во СЕХА-лигата, не донесе големи изненадувања. Она што беше најавено, челниците на регионалното натпреварување денеска го потврдија. Унгарскиот првак, Веспрем се откажа од СЕХА-лигата, во која се вратија пак два српски тима. По една година пауза се враќа првакот на Србија- Војводина и Динамо од Панчево. Првиот натпревар од СЕХА календарот ќе се одигра на 29ти август.

Македонскиот и европски шампион, Вардар ќе биде бранител на титулата, а покрај него во регионалната лига ќе се натпреварува и Металург.

Учесници во СЕХА лигата за сезона 2017/2018
РК Целје Пивоварна Лашко (СЛО)
РК Динамо Панчево (СРБ)
РК Горење Велење (СЛО)
РК Мешков Брест (БЛР)
РК Металург (МКД)
РК Нексе (ХРВ)
РК Татран Прешов (СЛВ)
РК Вардар (МКД)
РК Војводина (СРБ)
РК ППД Загреб (ХРВ)

Најново во Ракомет