ПОБЕДНИКОТ НА ВЕЧЕРАШНИОТ ДУЕЛ Е ОДАМНА ПОЗНАТ

Во Војводина искрени: Чест ни е што играме против европскиот првак, глупо е да кажеме дека дојдовме по бодови

Војводина е противникот на Вардар во продолжението од СЕХА-лигата. Српскиот тим пред дуелот со европскиот и регионален првак призна дека нема шанси за сензација.  

објавено: 5 декември 2017 - 12:40

Војводина е противникот на Вардар во продолжението од СЕХА-лигата. Српскиот тим пред дуелот со европскиот и регионален првак призна дека нема никакви шанси за сензација. Македонскиот тим кој зад себе ја има фантастичната серија во Лигата на шампиони сака оваа година да ја заврши на најдобар можен начин.

Гонзалез и неговите момци нема да калкулираат, а тоа му е јасно на стратегот на Војводина, кој на овој меч ќе им даде шанса и на помладите ракометари.

„Да се игра против европскиот првак е голема привилегија. Да бидеме искрени Вардар не е тим против кого можеш да се надеваш на бодови. Токму затоа на овој натпревар шанса ќе добијат и помладите ракометари, што пак ќе биде голема мотивација за нив во иднина да бидат што подобри“, изјави тренерот на Војводина, Драган Кукиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Војводина е закажан со почеток во 17:30 часот. Македонскиот тим во СЕХА-лигата има осум победи во исто толку мечеви и е на врвот на табелата без конкуренција. 

Најново во Ракомет