СЕХА ГО НАЈАВИ ДОМАЌИНОТ НА ФАЈНЛ-ФОРОТ

Запознајте го Скопје - градот на шампионите

По најавата на сите учесници на фајнл-фор турнир, СЕХА-лига на својата официјална страница излезе со информација за Скопје - градот домаќин на спектаклот кој е закажан од 13-15 април. 

објавено: 31 март 2018 - 11:30

По најавата на сите учесници на фајнл-фор турнир, СЕХА-лига на својата официјална страница излезе со информација за Скопје - градот домаќин на спектаклот кој е закажан од 13 до 15 април во СЦ „Јане Сандански“.

А Скопје веќе не е обичен град, за тоа најзаслужни се ракометарите на Вардар. СЕХА го претстави како град на европскиот, македонскиот и регионалниот првак. 

 Во текстот стојат интересни информации за нашиот главен град, СЕХА ги повикува фановите на ППД Загреб, Мешков Брест и Целје да дојдат и да уживаат во одличниот викенд. 

Најново во Ракомет