СТРУМИЧАНИ И СПАРТАК НОВАЈЛИИ ВО НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

Зомимак ќе биде дел од СЕХА-лигата во новата сезона и ќе тргне против Вардар!

Македонскиот тим Зомимак официјално ќе биде дел од новата сезона на регионалната СЕХА-лига, соопштија на веб-страницата на натпреварувањето.

објавено: 22 јули 2015 - 22:24

Струмичкиот тим заврши како второпласиран во македонскиот шампионат и доби учество во регионалната лига во која активно се натпреварува и македонскиот шампион Вардар. Лигата ќе брои десет клуба, а новајлија покрај Зомимак е српскиот тим Спартак. Начинот на натпреварување ќе остане ист, односно ќе се играат 18 кола во лигашкиот дел, а потоа најдобрите ќе патуваат на фајналфор-турнир.

Новата сезона ќе стартува на 28/29 август, а лигата ќе брои десет клуба. Поради реновирање на салата во Струмица, Зомимак домашните натпревари ќе ги игра во Скопје, а интересно е што ждрепката посака уште во првото коло струмичани да играат против Вардар.

Учесници во СЕХА-лигата 2015/16: Веспрем (Унгарија), Загреб (Хрватска), Нексе (Хрватска), Вардар (Македонија), Зомимак (Македонија), Борац (БиХ), Војводина (Србија), Спартак (Србија), Татран Прешов (Словачка), Мешков Брест (Белорусија).

1. КОЛО

Вардар - Зомимак
Нексе - Загреб
Спартак - Војводина
Татран - Веспрем
Мешков Брест - Борац

Најново во Ракомет