ЕДЕН ОД ХЕРОИТЕ НА ВАРДАР ДЕНЕСКА ПОЛНИ 38 ГОДИНИ

Штербик слави роденден, навивачите му честитаа, но му „замерија“ дека направил една голема грешка

Ветеранот уште брани во одлична форма и е еден од главните играчи во редовите на актуелниот европски првак 

објавено: 20 ноември 2017 - 13:46

Голманот на Вардар, Арпад Штербик денеска полни 38 години. Искусниот голман уште го има неверојатниот рефлекс, а навивачите се восхитуваат на неговите магични одбрани. 

По осум одиграни меча во Лигата на шампионите, Вардар ја има најдобрата одбрана. „Црвено-црните“ се единствени кои уште немаа примено ни 200 погодоци, во досегашниот дел од елитната лига. Засега само 188 пати се тресела мрежата на актуелниот европски првак, односно 23,5 во просек по натпревар. 

Најзаслужен за ваквите бројки и гранитната одбрана е токму Штербик, кој денеска слави роденден. Навивачите не заборавија да му го честитаат роденденот, но имаа имаа една забелешка, дека направил една голема грешка. 

Најново во Ракомет