Падна и домаќинот

Шведска ја изненади Хрватска, се радува и Србија

Една од најтрофејните ракометни нации, Шведска ја потврди класата и го декласира домаќинот Хрватска во последниот меч од А групата. Резултатот на крај, 35:31 не го покажува вистинското издание на „Трите Круни“, кои играа како по ноти и многу порано го решија мечот

објавено: 16 јануари 2018 - 22:14

Една од најтрофејните ракометни нации, Шведска ја потврди класата и го декласира домаќинот Хрватска во последниот меч од А групата. Резултатот на крај, 35:31 не го покажува вистинското издание на „Трите Круни", кои играа како по ноти и многу порано го решија мечот. И во калкулациите излегоа најмудри, па носат максимални 4 бода во следната фаза, а патем и направија услуга и на Србија, која продолжува на ЕП. Испадна Исланд, иако имаше многу поголеми шанси од Србите пред стартот на мечот Шведска - Хрватска.

Четирикратните европски прваци доминираа во текот на целиот меч и имаа предност во еден момент од 8 голови разлика, што на крајот се стопија на половина. Сосема доволно за максимален ефект и 4 бода кои ги носат во следната фаза. Хрватска има ист ефект во А групата, две победи и еден пораз, но ќе има само два бода во дуелите со Франција, Норвешка и Белорусија во новоформираната група.

Србија се протна, но ќе биде без бодови во последниот филтер пред почетокот на разврската на ЕП.

Ривали на Шведска, Хрватска и Србија ќе им бидат Франција, која стартува исто со 4 бода, Норвешка со два и Белорусија без бодови.

Најново во Ракомет