Во пресрет на последните два натпревара од 11. Европско првенство за ракометарски, организаторот го одреди идеалниот тим и ја прогласи најкорисната ракометарка на турнирот. За прв пат таа доаѓа од Шведска и заслужено наградата оди во рацете на Изабел Гулден, која со 51 гол досега е прв стрелец во пресрет на последните мечеви за медали, за трето место Црна Гора - Шведска и Норвешка - Шпанија. Избран е и идеалниот тим во кој доминираат скандинавските ракометарки.
ИДЕАЛЕН СОСТАВ НА ЕП
Најдобар голман: Маргарет Сијле Солберг (Норвешка)
Најдобро лево крило: Марија Фиксер (Данска)
Најдобар лев бек: Кристина Георгијана Неагу (Романија)
Најдобар среден бек: Кристина Кристијансен (Данска)
Најдобар десен бек: Нора Мерк (Норвешка)
Најдобро дсно крило: Кармен Мартин (Шпанија)
Најдобар кружен напаѓач: Хајди Локе (Норвешка)
Најдобар дефанзивец: Сабине Розенгрен Јакобсен (Шведска)
Од Будимпешта,
Зоран Мишевски