Велат дека од почеток трпат неправди

Словенците ретерираа, ама пак си ја спомнаа и Македонија

Словенците ја потврдија одлуката за продолжување на настапот на Европското првенство во Хрватска, но повторно ја споменаа и Македонија. Се уште ги пече поразот од нас, иако главна тема беше мечот со Германија

објавено: 17 јануари 2018 - 16:46

Словенците ја потврдија одлуката за продолжување на настапот на Европското првенство во Хрватска, но повторно ја споменаа и Македонија. Се уште ги пече поразот од нас, иако главна тема беше мечот со Германија.

Челниците на РСЗ донесоа одлука нивната селекција да не се повлекува од ЕП, а ја соопшти претседателот на Сојузот, Фрањо Бобинац.

„За нас и двата меча досега беа неправедни. На првиот против Македонија имаше чуден критериум на судиите, а потоа со Германците и материјална повреда на правилата. Се жалевме, не одбија од ЕХф и не сме изненадени. Секако дека сме разочарани“, изјави Бобинац.

Словенците најавија нова жалба до судските инстанци, а велат дека е можно да се жалат и до Арбитражниот суд за спорт во Лозана.

Најново во Ракомет