ЗНААТ ОД КАЈ ДОАЃА НАЈГОЛЕМАТА ОПАСНОСТ, НО

Словенците се бодрат: Никој не се плаши од Кирил Лазаров

Сите многу добро знаат кој е капитенот на македонската ракометна репрезентација

објавено: 13 јануари 2018 - 10:43

Словенците се полни со самодоверба дека ќе победат вечерва против Македонија, во првиот меч од групата на Европското првенство во Хрватска. Противникот на „црвено-жолтите“ верува дека ќе ги освои двата бода и на тој начин ќе ја зголеми самодовербата дека може да се игра и за медал. 

Селекторот на словенците, Веселин Вујовиќ со денови ја анализираше Македонија, но и без мнгоу големи анализи се знае дека најголемата опасност за нив ќе доаѓа од капитенот Кирил Лазаров. Ракометарот кој повеќе од една деценија блесна во светски рамки, уште е страв и трепет за сите голмани, но некако Словенците тоа сега не сакаат да го признаат. 

Во нивните медиуми излегуваат изјави во кои потенцираат дека никој нема да се плаши од Лазаров, иако знаат дека токму Кире е најдобриот стрелец од последното големо натпреварување, Светското првенство во Франција. 

Најново во Ракомет