ДЕСНОТО КРИЛО ОСТАНУВА ВЕРЕН НА ФРАНЦУСКИОТ ШАМПИОН

СО РАУЛ САКА ТИТУЛА ВО ЛШ: Абало во ПСЖ до 2020 година!

За шест години успеа да освои пет шампионски титули во Франција, три купа во Франција и два купа во Лигата, Лук Абало и ПСЖ одлучија да ја продолжат соработката.

објавено: 2 ноември 2018 - 16:57

Важечкиот договор му траеше до 2019. година, а десното крило продолжи за уште една сезона плус и опција, односно ќе ги брани боите на ПСЖ до 2020. година.

„Има добри шанси да ја завршам мојата кариера во Париз. Имам освоено многу титули од моето доаѓање во ПСЖ, но сеуште не и Лигата на Шампионите. Тоа ми дава дополнителна можност да го прифатам овој предизвик. Тоа би било убав начин да ја завршам кариерата", рече Абало.

Поранешен играч на Иври, во клуб каде шти ги направи неговите први чекори во елитата (2002-2008), потоа по четири години поминати во боите на шпанскиот тим Сиудад Реал (2008-2012), трикратниот светски шампион (2009, 2011, 2017), од Европа (2006, 2010, 2014) и двоен олимписки првак (2008, 2012) ќе ја заврши осмата последователна сезона во Париз.

ПСЖ предводен од македонскиот селектор Раул Гонзалез оваа сезона е исто така меѓу најголемите кандидати за титулата во ЛШ. Моментно во групата Б има максимални пет победи и следниот меч ќе го има в недела дома против Пик Сегед.

Најново во Ракомет