НИКОЈ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОТЦЕНИ

Апсолутниот аутсајдер Ангола приреди сензација

На вториот ден од Светското ракометно првенство се случи огромна сензација и ја приреди Ангола со триумфот над Катар. Сензација затоа што коефициентот на победа на Ангола беше 22, а на победа на Катар 1,01

објавено: 11 јануари 2019 - 18:54

Еден од најголемите аутсајдери Ангола го победи апсолутниот фаворит Катар со 24:23 и тоа со два гола во последните 25 секунди од мечот. Катарците губеа во текот на целиот натпревар, на моменти и со четири гола разлика, но пред крајот на мечот го свртеја резултатот на 23:22 но и ја прокоцкаа предноста. Како предвреме да се израдуваа, а Африканците набрзина им даде два гола и ја однесе победата. Ромео Хеб (7 голови) изедначи, а потоа нивниот голман одбрани поради што се отвори шанса за Чикола кој во брз контра напад ја затресе мрежата и донесе прва победа за Ангола на Светските првенства.

Најново во Ракомет