тимур дибиров не можеше се сам

БЕЗ ПОБЕДА ВО БЕРЛИН: Реми на Србија и Русија

Ракометните селекции на Србија и на Русија одиграа нерешено (30:30) во првото коло од „А" групата на Светското првенство...

објавено: 11 јануари 2019 - 20:00

Голема борба водеа ракометаерите на Србија и на Русија во првото коло од планетарнипт шампионат, но на крајот, и едните и другите мораа(т) да се задоволат со по еден бод,

Србија, која на Мундијалот дојде во подмладен и не доволно афирмиран состав, одигра доста добар натпревар, во кој во добар дел и водеше, но не успеа да го скрши отпорот на руската селекција.
Избраниците на селекторот Ненад Перуничиќ после израмнетото прво полувреме, во кое за Русија беа досудени дури девет седмерци, во вториот дел имаше и плус од четири гола, (23:19).

Но Русите не се предадоа, па на крајот дури имаа напад за победа, кој не успеаја да го реализираат.
Немања Илиќ даде шест гола, Стеафа Вујиќ пет кај „орлите".
„Вардарецот" Тимур Дибиров блескаше кај рускиот тим, реализираше дури 12.погодоци.

Најново во Ракомет