СО „НЕПРИЈАТЕЛОТ“ КОН МИНХЕН

Червар ја чека Македонија во Загреб

Македонската ракометна „експедиција“ утре заминува за Минхен, каде ја игра групната фаза на Светското првенство. 

објавено: 8 јануари 2019 - 15:10

Ситно броиме до стартот на ново големо натпреварување. Нашите репрезентативци полека се пакуваат за Минхен, базата на Македонија во групната фаза на Светското првенство. За попладне е закажан последниот тренинг во Скопје, а веќе утре во наутро се заминува за Германија.

На патот до Минхен ги дели една станица, а тоа е Загреб. На аеродромот во главниот хрватски град ќе ги пречека Лино Червар и неговите момци, сите заедно ќе се упатат кон градот домаќин на Мундијалот.

Средбата е уште понтересна не поради фактот дека Червар беше претпоследниот селектор на Македонија, туку дека оваа земја е еден од нашите противници на Светското првенство. Дуелот со Хрватска го играме на 14. јануари.

Што се однесува до конечниот список на патници, Гонзалез ќе го соопшти по завршување на вечершниот тренинг, најверојатно во Минхен ќе отпатуваат 18 ракометари.

Мундијалот го отвараме против Јапонија на 11. јануари (15:30 часот), победа на овој меч ќе ги отвори шансите за пласман на едно од првите три места во групата. 

Најново во Ракомет