ХРВАТОТ ОД МИНХЕН ЗА ДЕНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ, ЗА ШПАНЕЦОТ

Циндриќ: Вардар беше прекрасен период во мојот живот, на Раул му благодарам за довербата

Лука Циндриќ е во центарот на вниманието во Минхен. Хрватскиот репрезентативец зборува за деновите минати во Скопје. 

објавено: 12 јануари 2019 - 22:07

Шампионските денови, никој не може да ги заборави. Нецели две години по освојување на титулата во Лигата на шампионите, ракометарите од златната генерација раскажуваат за времето минато во дресот на Вардар.

Лука Циндриќ, некогашниот член на македонскиот тим во Минхен зборува тие денови, за Раул Гонзалез.

"Вардар е прекрасен период во мојот живот. На прво место мора да го споменам Раул Гонзалез, кој ми даде доверба и ми понуди поширока слика за ракометот како спорт. Научив многу од него, направив голем напредок. Денеска да инвестираш во себе, доколку сакаш да напредуваш", изјави Циндриќ за „индекс.хр“, кој во понеделник со неговата Хрватска ќе излезе на мегдан со Македонија во рамките на третото коло на СП.

Најново во Ракомет