ВЕЌЕ НЕМА ДИЛЕМИ ОКОЛУ КОНЕЧНИОТ СПИСОК

Дефинитивно: Димитриоски отпадна, Лазаревски патува за Минхен

Иако беше во плановите на Раул Гонзалез, Димитар Димитриоски поради повреда на скочниот зглоб на последниот тренинг во Скопје отпадна од списокот за СП. 

објавено: 8 јануари 2019 - 21:35

И официјално Димитар Димитриоски нема да биде на списокот на Раул Гонзалез за Светското првенство во Данска и Германија. Левото крило на Металург беше во плановите на шпанскиот стратег, но во последен момент отпадна поради повреда на скочниот зглоб која ја заработи на последниот тренинг во Скопје.

На местото на Димитриоски ќе патува неговиот клупски колега, Милан Лазаревски, кој првично не беше меѓу патниците. Покрај левото крило на Металург во Скопје останува и Марин Томовски, кој својата шанса ќе ја чека во наредните големи натпреварувањња, сигурни сме дека во иднина ќе докаже дека местото му е во најдобриот национален тим.

Македонија рано наутро патува за Минхен, преку Загреб, првиот меч на Мундијалот го игра на 11. јанури против Јапонија. 

Најново во Ракомет