ДЕНЕСКА НА СП НАТПРЕВАРИ САМО ВО ГРУПИТЕ А И Ц

Домаќините по втор триумф

Данска во групата Ц го пречекува Тунис во Хернинг, додека Германија во групата А игра со Бразил во Берлин.

објавено: 12 јануари 2019 - 12:15

По убедливото отворање на СП на Данска во Копенхаген (победа над Чиле, 39:16) домаќинот се сели во Хернинг, каде вечерва (20:15) се соочува со Тунис во групата Ц.

И додека Данците со поддршка на своите фанови ќе атакува на втор мундијалски триумф, африканскиот шампион ќе се обиде да ги консолидира силите за вториот скандинавски противник на СП, со оглед на тоа дека на стартот убедливо загуби од Норвешка (24:34).

Во останатите дуели од оваа група Австрија се соочува со Чиле, додека Норвешка игра со Саудиска Арабија, средби, во кои европските селекции се апсолутни фаворити.

Во групата А во Берлин, вториот организатор Германија, се соочува со Бразил. „Кариоките" имаа импресивен старт, во кој малку им недостасуваше да приредат сензација против бранителот на титулата, Франција, а денеска прашање е дали ќе можат истото ниво да го презентираат и против домаќинот.

Французите, пак, ќе се соочуваат со Србија, додека Русија игра со Кореја.

 

Најново во Ракомет