СОСЕМА ОЧЕКУВАНО

„Фуријата" го оддува Бахреин

Шпанската селекција која важеше за голeм фаворит ја оправда улогата. На полувремето имаше предност од пет голови (16:11), која беше удвоена во продолежниетo од играта.

објавено: 11 јануари 2019 - 22:11

Шпанската селекција која важеше за голeм фаворит ја оправда улогата. На полувремето имаше предност од пет голови (16:11), која беше удвоена во продолежниетo од играта.
На крајот висока и убедлива победа за „фуријата" (33:23) против екипата која е видена како аутсајдер во нашата група од Светскиот шампионат.
Беспрекорна игра прикажа Феран Соле Сала кој ги погоди сите седум удари кон противничкиот гол. Одлично издание имаше и некогашниот „вардарец" Алекс Душебаев кој даде пет гола од шест обиди.
На другата страна, кај Бахреин, кој е нашиот следен противник, Мохамед Хабиб имаше исто така максимални „седум од седум", што е најава дека треба да се внимава на овој играч, особено во фазата на нападот.

 

Најново во Ракомет