ДОМАЌИНОТ ГЕРМАНИЈА БЕЗ ПРОБЛЕМИ НА ОТВОРАЊЕТО НА МУНДИЈАЛОТ

Гензхајмер ја „претрча“ Кореја

Домаќинот на Светското првенство, Германија со победа 30:19 (17:10) над Кореја во Берлин го означи почетокот на мундијалските возбудувања.

објавено: 10 јануари 2019 - 20:01

Домаќинот на Светското првенство, Германија со победа 30:19 (17:10) над Кореја во Берлин го означи почетокот на мундијалските возбудувања.

Германците беа фаворити, улога која комплетно ја оправдаа на стартот на групата А.

Уве Гензхајмер со 7 гола беше прв стрелец, додека германскиот чувар на мрежата, Волф беше МВП на мечот.

Кореја го постигна првиот погодок на мундијалот, но Винцек, Пекелер, Грецки како и одбраните во низа на Волф му дадоа на натпреварот очекуван тек, 7:3.

Во средината на полувремето Кореја и покрај тоа што остана без главниот дефанзивец поради црвен картон, ја искористи ситуација што Германија дури четири минути играше со двајца играчи помалку, па тоа им помогна да се вратат на 7:5, односно 8:6. Сепак до крајот на првиот дел, Германија имаше комотни 17:10.

Со серија од 4-0 домаќинот влезе во продолжението, за прва двоцифрена предност, 21:10, која до крајот беше претворена во убедлив триумф.

Најново во Ракомет