Крилото со анализа на следниот противник

Георгиевски: Бахреин игра агресивна одбрана, ќе биде тешко

Нашите ракометари денеска го анализираат следниот ривал на шампионатот. Се очекува уште еден нов тежок меч со азиски противник.

објавено: 12 јануари 2019 - 14:15

Мирен ден и подготовка за дуелот кој не очекува утре попладне во „Олимпиахале“ во Минхен. Македонија ја мина првата пречка, но сега на ред е и вториот азиски предизвик. Во пресрет на утрешниот дуел, крилото на нашата репрезентација, Гоце Георгиевски, пред денешниот тренинг со своја анализа за вториот противник на Мундијалот.

„Мислам дека утрешниот натпревар ќе биде многу поразличен. Бахреин е непознаница, никогаш не сме играле против нив. Нема лесни ривали, сите играат ракомет. Ако не влеземе максимално, ќе имаме проблеми со секој ривал, без разлика дали се вика Бахреин, Чиле...“, вели нашето крило.

Ако се прави споредба со квалитетот на првиот ривал, селекцијата на Јапонија, Георгиевски вели:

„За разлика од Јапонците играат поагресивна одбрана, мислам дека ќе ни биде многу тешко.“

Најново во Ракомет