МНОГУ ВАЖЕН ДЕТАЛ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА СП

Гонзалез: Мора да внимаваме и на гол разликата

Во битката за првите три места во групата важна улога има и гол разлика, Макеоднија по првиот меч е во добра позиција.  

објавено: 12 јануари 2019 - 11:06

Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Јапонија е минато, нашите репрезентативци се наочени кон следниот противник на Мундијалот, Бахреин. Ова е една од селекциите која мора да се добие за продолжување на битката за освојување на првите три места во нашата група Б.

Предводникот на „црвено-жолтите“, Раул Гонзалез вели дека мора да се одигра одговорно, да се гледа со почит и на овој противник. 

„Совладана е Јапонија, а Бахреин ни е следниот противник. Имаат ист начин на игра мислам дека треба добро да се подготвиме и да имаме ист пристап како на дуелот со Јапонија. Ако имаме шанса ќе имаме и успех. Мислам дека против Шпанија, Бахреин играше добро и во еден момент во вториот дел имаат негатива од три разлика и тоа против европскиот шампион, а Бахреин имаше и шанса за да намали и на два разлика. Затоа треба да имаме многу почит и не треба да се опуштиме. Ние цел натпревар го игравме одговорно со Јапонија, треба да внимаваме и на разликата особено кога се игра во група. Ако е потребно ние имаме сега и добра разлика. Ние ќе се подготвиме ќе играат најдобрите и ќе одиме чекор по чекор и треба да бидеме фокусирани на победа. Играта на Бахреин е различна од таа на Јапонија впрочем и различен тип на играчи се. Ако разликата и на следниот дуел биде истата како вчера јас ќе бидам задоволен“, изјави пред денешниот утрински тренинг Раул Гонзалез. 

Најново во Ракомет