БРОЈНИ КРИТИКИ ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ

И Германците потфрлија: Ракометарите му замерија на домаќинот, има и зошто

Македонската репрезентација е еден чекор назад во однос на подготовката за дуелот со Бахреин, а виновен е домаќинот на Мундијалот. 

објавено: 12 јануари 2019 - 10:46

Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Домаќинот на нашата група потфрли со организацијата и тоа во првиот ден од Светското првенство. Не само ние новинарите, туку и сите замји учесници се жалат на условите кои ги нуди Минхен во поглед на техничка поддршка.

Капитенот, Кирил Лазаров истакна дека вчера не можеле да го гледат видеото дуелот меѓу Шпанија и Бахреин, истото не им било доставено поради проблем со интернет. Но, нема простор за паника, денешниот ден максимално ќе биде искористен за следниот противник на Мундијалот, со кого играме утре во 14 часот. 

„Вчера немавме можност да направиме видео-анализа не ја добивме снимката од организаторот поради слабиот интернерт. Не сме само ние, туку и останатите репрезентации се жалат“, рече капитнот пред денешниот утрински тренинг“.

Македонија со победа го отвори СП, вчера ја совлада Јапонија со 38:29 и направи важен чекор во битката за пласман на едно од трите места во групата Б. 

Најново во Ракомет