НАЈЕФИКАСЕН МЕЧ НА РАКОМЕТАРИТЕ НА НАСТАПОТ НА МУНДИЈАЛИТЕ

ИСТОРИЈАТА КАЖУВА: Ја видовме најмоќната Македонија

Првпат нашите репрезентативци постигнуваат 38 погодоци на еден мундијалски меч. 

објавено: 11 јануари 2019 - 18:05

Победата над Јапонија за Македонија не само што значеше позитивен старт на Светското првенство 2019, како и продолжување на победничката серија на отворањето на мундијалите, туку донесе и натпревар на кој нашите ракометари постигнаа најмногу погодоци на еден натпревар на големите натпреварувања.

Вечерва во Минхен ја видовме најмоќната Македонија предводена од капитенот Кирил Лазаров со 8 гола, Дејан Манасков со 7 погодоци, Стоилов имаше 6, Пешевски и Кузмановски постигнаа по 4 гола...

Македонија во претходните пет мундијалски настапи можеше да се пофали дека највисоката бројка на постигнати голови на еден натпревар била 36 гола и тоа во два наврати, против Австрија во групната фаза на СП 2015 во Катар (36:31), односно на премиерата во Египет во 1999 година, кога со 36:30 (15:14) ја совлада Русија. 

Најново во Ракомет