КАПИТЕНОТ СЕКОГАШ ИМА ВРЕМЕ ЗА ФАНОВИТЕ

Лазаров: Горд на „Фалангата“, Македонија вечна!

Македонските ракометари на големите натпреварувања имаат поддршка од бројни фанови, дел од нив постојано може да ги видиме на трибините секоја година, без разлика дали станува збор за Европско или Светско првенство. Петмина момци од Швајцарија се вистински фанатици за ракомет, вечерва дојдоа во хотелот каде престојува Македонија да се сликаат со капитенот Кирил Лазаров. Нашиот бомбардер фотографијата ја сподели на својот „Инстаграм“ и пиша. Горд на „Фалангата“, вечна Македонија...

објавено: 12 јануари 2019 - 22:54

Најново во Ракомет