КАПИТЕНОТ ОБЈАСНУВА КАКО ТРЕБА НА НАРЕДНИТЕ МЕЧЕВИ

Лазаров: Со патриотизам и национален набој можеме против секого

Капитенот на Македонија Кире Лазаров по победата над Јапонија истакна дека е задоволен од резултатот но и дека во селекцијата се чувствува недостаток на квалитет кој може да се надополни со патриотизам и национален набој.

објавено: 11 јануари 2019 - 17:30

Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Капитенот на Македонија Кире Лазаров по победата над Јапонија истакна дека е задоволен од резултатот но и дека во селекцијата се чувствува недостаток на квалитет кој може да се надополни со патриотизам и национален набој.

Почнавме со победа како што посакувавме. Се боревме 50 минути дури да го решиме овој натпревар, не ми се допаѓа што во некои моменти при водство имавме неодговорни шутеви, но тоа е што е, кажавме дека ова е нова репрезентација, која треба да се гради, мислиме на нашата иднина. Овие млади момци од натпревар во натпревар ќе созреваат. Голема победа за нас, посебно важна за младите играчи“, изјави Лазаров кој не сака залетување и однапред планирање на бодови.

Остануваме на тоа дека треба да одиме чекор по чекор, го чув Столе кој рече дека отсега ќе биде полесно, и ете повторно се јавува тоа македонско размислување после победа. А дај боже да биде така и да ме демантира, јас мислам дека воопшто нема да биде лесно затоа што Бахреин (наредниот ривал) е сериозна екипа, играше финале на Азиското првенство против Катар. Имаме недостаток на квалитет, а тој недостаток можеме да го надополните со патриотизам и национален набој. Само со такво поставување и со голема желба мислам дека можеме да им парираме на сите ривали во групата", изјави Лазаров.

Најново во Ракомет